Пренџов бара итна комисиска седница за прислушувањето, Реџепи не свикува бидеќи бил дискриминиран

Реџепи вели дека е дискриминиран и нема да може да присуствува на класифицираните информации бидејќи нема одговор на барањето за безбедносен сертификат кое го побарал минатата година

од Nikola Popovski
28 прегледи Фото: Фејсбук

Членот на собраниската Комисија за надзор на АНБ и АР пратеникот Љупчо Пренџов денеска јавно го повика претседателот на Комисијата Скендер Реџепи од европскиот фронт да закаже итна седница во врска со актуелните сомнежите за незаконско прислушување од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кое се вршело во периодот од 2019 до 2024 година.

-Целта е на седницата да се разгледаат загрижувачките сомнежи за незаконско постапување во АНБ, односно, да утврдиме точен датум за официјална посета во Агенцијата за национална безбедност преку која ќе извршиме директен увид во состојбите и темелно испитување на сите околности поврзани со овие настани, истакна Пренџов.

Овие случувања, според пратеникот, предизвикаа силна вознемиреност во јавноста и, како што рече, ја поткопуваат демократијата и довербата во институциите задолжени за заштита на националната безбедност.

-Токму затоа, обврска на комисијата е да делува одговорно и транспарентно, со цел, да се обезбеди отчетност на институциите и заштита на нивниот интегритет и демократијата во државата, појасни Пренџов.

Претседателот на Комисијата Скендер Реџепи веднаш одговори на повикот дека додека е претседател и дискриминиран нема да повика таков состанок. Според него тој е дискриминиран дека нема да може да присуствува на класифицираните информации бидејќи нема одговор на барањето за безбедносен сертификат кое го побарал во ноември или декември минатата година.

Се додека сум јас претседател и дискриминиран од власта, од службите, нема да повикам таков состанок. Бидејќи и моето присуство, кога би повикал состанок, јас не би можела да присуствувам во класифицирани информации таму кај што се оди. Која би била логиката, претседателот на Комисијата да не може да присуствува во една таква Комисија или таков претрес во службите. Јас пред една година сум поднел барање за сертификат безбедносен и нормално, кога таква една можност, пратеник во Собранието останува да биде вреднуван од партиски службеници, на кои што скандалите секоја година им се појавуваат што значи дека ти се во интерес на сите политички партии, најмалку на државните. Сметам дека тоа е дискриминација не само за мене, но и за сите пратеници во Собранијето, истакна Реџепи.

Тој уште еднаш потенцираше дека нема да ја свика комисијата и им порача дека претседателот на Собранието има можност да свика Комисија да си одлучи оние кои имаат сертификати да одат и да ја завршат работата.