Постојат многу апарати кои ја проценуваат зрелоста на овошјето и зеленчукот, соопшти списанието. “Сианс е авнир”. Повеќето од овие апарати сепак не се сигурни. Нов сличен уред, изработен од американски научници, е далеку попрецизен.Става збор за спектрометар, кој тежи само 48 грама и функционира со апликација за смартфон преку безжична врска. Функционирањето е базирано врз оптичка спектроскопија – технологија кој овозможува на својствата на даден предмет да бидат тестирани во зависност од интеракциите со светлината.

Оптичката спектроскопија често е користена за да се направи проценка на прехранбени производи и лекови. Сепак повеќето спектрометри се со големи димензии и се скапи.
Минијатурниот апарат, прилагоден специјално за проценка на зрелоста на овошјето, е создаден од научници од МИТ.
Уредчето мери ултравиолетовата флуоресцентност на хлорофилот во патентот на плодовите. Извршени се тестови со три сорти јаболка и резултатите се задоволителни.
Авторите на студијата истакнуваат дека слични оптички тестови можат да помогнат на земјоделците да го одредуваат оптималното време за бербата.