Преодна влада да ја стабилира кризата а потоа организирање фер избори

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Над сто новинари и сниматели досега се акредитирале за „бомбата“ на лидерот на СДСМ Зоран Заев која ќе ја објавува во Универзалната сала. На настанот кој е закажан во 19 часот најавено е присуство и на преставници на странските амбасади, а голем интерес и акредитации се побарани и од невладиниот сектор.

akreditaiiSDSM

Според најавите, материјалот што ќе биде објавен се однесува на изборните кражби во неколку изборни циклуси, во годините наназад, а настанот ќе се пренесува во живо на страната на СДСМ, како и на неколку портали. Влезот е слободен за сите заинтересирани, а оние што нема да успеат да обезбедат место во салата, преносот од внатре ќе можат да го следат на два видео бима поставени пред Универзалната сала.

Како што се дознава Локално.мк од партиски извори по објавуањето на изборните  докази, гадости и кражба на победата на СДСМ на парламерните и локални избори, лидерот на опозицијата ќе побара оставки и формирање на нова преодна влада која првин ќе треба да ја стабилизира државата и  истата да ја елиминира политичката криза, потоа средување на избирачкиот список и  сите недоследности во избирачкиот процес и на крај за неколку месеци  орагнизирање на фер и демократски избори  што ќе ја врати на вистинскиот демократски колосек Макдонија и нејзините институции.