На денешното рочиште од судењето за пожарот во Кочани се случи мала препирка меѓу еден од адвокатите на осудените, Петре Шилегов и родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“. Шилегов кој е адвокат на обвинетиот Шефкет Хазири од Министерството за економија, во своите воведни зборови говореше дека „нема суд кој што може да донесе пресуда која што ќе ги утеши душите на овие сироти луѓе“, покажувајќи кон родителите кои се присутни во судницата.
На тоа еден од семејствата на загинатите му порача „многу нѐ жалиш“.
-Ве жалам, навистина, верувајте, му одговори Шилегов на еден од членовите на семејствата.
На изјавата на Шилегов дека ова е најголемата трагедија во Македонија, се слушнаа довикувања дека „од такви како тебе е предизвикана“, по што судијката во процесот повика на мир во судницата и побара да биде тишина за да нема отстранување од судницата.
-Премногу сме, ако секој каже по нешто, ќе си направиме каша, кажа судијката.
На вчерашното судење, поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување во својата одбрана рекоа дека не можат да одговараат за објект што која тие биле на функција не постоел.
Одбраната на екс-министерот за економија, Крешник Бектеши, пак негираше дека негов потпис стои на лиценцата за работа на дискотеката.