Препотентна изјава на Едвардс: „Јас сум прва опција, ќе мора да се прилагодат на мене“

од Vladimir Zorba
28 прегледи

Кошаркарот на Минесота Тимбервулвс и репрезентативец на САД, Ентони Едвардс се осврна на својата улога во националниот тим.

Американците ги чекаат Олимписките игри во Париз каде во групната фаза ќе се сретнат со Србија, Порторико и Јужен Судан.

Едвардс беше најзабележителниот играч за тимот на Стив Кер за време на Светското првенство претходното лето, но САД не успеаја да донесат медал.

Сепак, сега ќе имаат подобар тим, но Едвардс сепак верува дека тој е лидер на тимот.

„Сè уште сум првата опција. Можеби вам ви изгледа поинаку, но не на мене. Едноставно ќе излезам на терен и ќе бидам свој. Ќе шутирам, ќе играм одбрана. Другите ќе треба да се прилагодат на мене, така се чувствувам“, рече Едвардс.

Имаше одлична минатата сезона во Минесота, одигра неколку добри натпревари, особено кога играа со Нагетс, кои ги елиминираа во полуфиналето на Западот.

Слични содржини