Препратете го ова кај претпоставените: Зошто работното време не треба да почнува пред 10 часот?

од Elena Daskalova
298 прегледи

Според д-р Пол Кели, стручњак за сон и професор на Оксфорд, за работниците да бидат попродуктивни, помалку склони кон алкохол и под помал стрес, не би требало да доаѓаат на работа пред 10 часот наутро.

Кога работниците помлади од 55 години доаѓаат порано од 10 часот на работа, тие се поуморни, имунитетот им заслабнува, под стрес се, меморијата им е лоша, не можат да се сконцентрираат, но и се склони кон алкохолизам.

„Нивните тела се исцрпени поради недостигот на сон. За работниците да работат со полна пареа би требало да почнуваат со работа во 10 часот. Дури ниту учениците во предметна настава и средношколците не треба да доаѓаат на училиште рано, туку часовите треба да почнуваат околу 11 часот“, предупредува Кели.

Тој додава дека живееме во неисправно општество, во кое, за жал не можеме да го промениме 24-часовниот биоритам, но можеме да влијаеме секојдневните обврски да ги исполнуваме во разумни времиња. Често наутро уште е темно, а на телото во тоа време му треба уште да спие и тешко може да се стави во готовност за работа.

Ова важи за работници до 55 години, како и за ученици од 5 до 9 одделение и за средношколците, бидејќи се на возраст во која нивниот биоритам треба да е синхронизиран со природниот циклус на дневната светлина, а не со саатниците кои се воведени од општеството.

Слични содржини