Внесот на околу 300 калории помалку дневно, може да го намали ризикот од болести како што се на пример дијабетисот и срцевите болести, покажало истражувањето на експерти од Универзитетот Дјук. И тоа важи за сите, и оние со вишок килограми, и за оние кои имаат здрава телесна тежина.

Истражувачите ангажирале 218 волнотери, кои го намалиле внесот на калории за четвртина во период од две години.
На крајот на студијата не само што загубиле од тежината, туку го намалиле и ризикот за болести на метаболизмот, а ги намалиле и воспалителните процеси во телото.
Иако не можат со сигурност да објаснат зошто, авторите на студијата веруваат дека тоа има врска со намалувањето на внесот на калории, како пресконување на слатки во исхраната и сметаат дека тоа е добро и за оние кои имаат здрава телесна тежина.
И некои поранешни студии спроведени на животни покажале дека намалувањето на внесот на калории за 10 до 40 отсто, го намалува ризикот од болести.