Пресуда за „Рекет”: Боки 13 доби казна затвор од 9 години затвор, а Јанева 7 години

од Берта Китинска
427 прегледи

Обвинетиот Бојан Јовановски доби каза затвор од 9 години, додека поранешната обвинителка  Катица Јанева доби казна затвор од 7 години.Ова е пресудата која денеска во сала на Врховниот суд ја соопшти судијката Васка Николовска- Масевска за случајот “Рекет”.

На објавата на пресудата за случајот „Рекет“ денеска во големата сала на Врховниот суд во Скопје присуствува само првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, додека второобвинетата Катица Јанева не дојде во судот и одлуката ќе ја слушне во домашен притвор.

Во судница беше присутна сопругата на Јордан Камчев, еден од сведоците во предметот, Ана Камчева. Брачниот пар Камчеви сведочеа како оштетени во случајот.

Во описот на обвинителниот акт покренат од Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, се вели дека обвинетиот Бојан Јовановски, влијаел врз обвинетата Катица Јанева, за таа да донесе поблаги мерки против Јордан Камчев, обвинет во предметот „Империја”, случај кој го почна поранешното Специјално јавно обвинителство.

Јовановски и Јанева во своите завршни зборови пред судот негираа вина и рекоа дека не го сториле делото за кое се товарат. Обвинителството, според нив, не изнело докази за делото за кое ги товари и дека целото обвинение е врз основа на исказ на еден сведок – кој е оштетен во случајот. Целиот случај за Јовановски е политичка конструкција, додека за Јанева е клевета.

Судењето за предметот „Рекет” почна во ноември минатата година. Обвинението беше поднесено против три лица. На првото рочиште за овој случај обвинетитот Зоран Милевски-Кичеец ја прифати вината и на следното рочиште беше осуден на три години затвор. Другите двајца обвинети Јовановски и Јанева, се изјаснија дека се невини и против нив се води судска постапка во која беа презентирани низа материјални и вербални докази од страна на Обвинителството.

Слични содржини