Откако објави дека ја завршува кариерата, Том Брејди реши да потпише договор со тимот со кој се прослави и да ја заврши кариерата во Њу Ингланд.
Според најавите, тој ќе потпише еднодневен договор за да се прости во дресот на тимот со кој се прослави и стана најдобар играч на сите времиња.
Том Брејди дојде во Њу Ингланд Патриотс во 2000 година како 199-ти пик само во шестата рунда. Во текот на својата 22-годишна кариера, тој освои седум шампионски прстени, од кои шест ги освои како бек за Њу Ингланд Патриотс.
Последната титула ја освои минатата година кога стигна до Супербоулот во првата сезона со Тампа.
Сезонава беа запрени во полуфиналето на конференцијата со поразот од Лос Анџелес Ремс.
Брејди отпатува за Бостон, каде ќе се сретне со сопственикот на Њу Ингланд, Роберт Крафт и каде ќе се одржи прошталната церемонија за него.
Source: Tom Brady is planning to sign a one-day contract with the New England Patriots and retire with the franchise with which he played for 20 years. He spoke with Robert Kraft this morning and will fly to Massachusetts for a ceremony.
— Wes Goldberg (@wcgoldberg) February 1, 2022