Ново истражување на научници покажа дека сончевата светлина го деактивира коронавирусот осум пати побрзо во експериментални услови отколку што е предвидено со теоретските модели, што дава надеж дека е можен пресврт во ситуацијата со пандемијата.
Паоло Лузато-Фегис, експерт за машински инженеринг од Универзитетот во Калифорнија, ги анализирал студиите од минатата година кои ги проучувале ефектите на различните форми на ултравиолетово зрачење и по тој повод откриле значителни разлики.
„Теоријата претпоставува дека деактивирањето делува со тоа што УВБ го погодува РНК на вирусот и со тоа го оштетува“, изјави тој, пренесе „Science Alert“.
Инаку, сончевата светлина содржи три вида на ултравиолетови зраци: УВА, УВБ и УВЦ.
Првиот е типот што го сочинува најголемиот дел од ултравиолетовото зрачење што достигнува до површината на Земјата, а тоа се подолги бранови кои немаат доволно енергија за да предизвикаат поголеми проблеми.
УВБ брановите со среден опсег можат да убијат микроби и да предизвикаат изгореници на човечка кожа.
Од друга страна, УВЦ се состои од пократки, посилни бранови должини на светлината, за кои претходно се покажа дека деактивираат вируси како што е САРС-КоВ-2, а е предизвикан од Ковид-19.
Сепак, овој вид на ултравиолетово зрачење обично не доаѓа во контакт со површината на Земјата поради озонот во атмосферата што го филтрира.
Експериментална студија во јули минатата година ја тестираше јачината на УВ зрачењето на САРС-КоВ-2 во симулирана плунка и покажа дека вирусот се деактивира за помалку од 20 минути.
Следниот месец беше објавена теорија според која сончевата светлина може да го постигне истиот ефект.
Заклучокот од таа втора студија беше дека САРС-КоВ-2 е трипати почувствителен на УВ зрачење на сончева светлина отколку вирусот грип тип А, додека повеќето честички на коронавирус беа инактивирани по само половина час изложеност на летна сончева светлина. Од друга страна, под зимската сончева светлина, вирусот може да преживее со денови.
Истражувачите веруваат дека е можно, наместо да делува директно на РНК, УВА зрачењето да може да комуницира со молекули за да ја забрза инактивацијата на вирусот.
Оваа студија, исто така, сугерира дека УВА-зраците може да се користат за опрема како што се системите за прочистување на воздухот за да се обезбедат ефтини и енергетски ефикасни средства за намалување на ширењето на вирусните честички.