Пресврт во Сирија: Американците повеќе не ги поддржуваат бунтовниците

од desk2
114 прегледи

САД би можеле да ја стопираат поддршката за Слободната сириска армија која што војува на југот на оваа земја против силите лојални на сирискиот претседател Башар Ал Асад.

Дека Вашингтон би можел да ја прекине поддршката на Слободната сириска армија, доволно говори и содржината на писмото кое што Американците го испратиле до претставниците на таа вооружена формација, а во која што новинарите на „Ројтерс“ имале увид.

„Не треба да се потпирате на вашите претпоставки за евентуална воена интервенција на нашите сили“, пишувало во писмото.

Американскиот новинар Сем Хелер кој што работи за меѓународната невладина организација „Меѓународна кризна група“, тврди дека писмото било предадено преку амбасадата на Соединетите Американски Држави во Аман.


Фајди Хусејин, кој што исто така соработува со американските медиуми, напишал на социјалната мрежа Твитер дека претставници на Слободната сириска армија му потврдиле дека го добиле писмото од американската амбасада во Јордан.

Моментално на југот на земјата владините сили продолжуваат со офанзивата на позициите на терористите. Во писмото било нагласено дека САД се свесни за тешката ситуација во која што се наоѓаат борците и затоа ја советуваат Русија и владата на Сирија да ја сопрат офанзивата.


Експертите се уверени дека тоа писмо навистина постои и тоа е поврзано со некои задкулисни договори во врска со претстојниот состанок на Доналд Трамп и Владимир Путин на 15-ти јули во Виена.

Дека ситуацијата се развива во корист на сириската армија најдобро говори и фактот што неодамна, фракција на Слободната сириска армија премина на страната на сириската армија. После долгите преговори, лидерот на фракцијата, Важди Абу Слес изјавил дека „населбите под контрола на групата Дејр Дам, Шијах и дел од градот Џадал од денес доброволно преминуваат под контрола на сириските легални власти“.