Цел свет го чека исходот од судењето на Џони Деп и Амбер Херд, вредно 100 милиони долари. Поротата се повлече на расправа, но набрзо се врати и имаше едно прашање до судијата!
Судењето се следи во живо на интернет, а грозоморните детали од односот на двете холивудски ѕвезди со недели се главна тема на медиумите.
Поротата, која мора да донесе едногласна одлука, се вратила во судницата бидејќи имала прашање, јавуваат американските медиуми. Поротниците, чија одлука мора да се заснова на јасни одговори на неколку прашања, мораа да побараат објаснување од судијата.
На седумчленото жири не му беше јасно што значи прашањето „Дали ви е лажен насловот на написот што Амбер го напиша за Џони“. Од судијата беше побарано објаснување дали прашањето се однесува на целиот напис или на насловот, а судијката Пени Азкарат рече дека се однесува само на насловот.
Насловот на написот е „Зборував против сексуалното насилство и го почувствував гневот на нашето општество“. Никаде во написот Амбер не го спомна Џони по име и презиме, но тој сепак ја тужеше.