Земјите членки на Европската унија се обврзани да ги избрка имигрантите кои немаат право на престој во Заедницата. Ова го објави портпаролот на Европската комисија (ЕК) Наташа Берт.
Задачата на националните власти во ЕУ е да одредуваат кој има право на престој. Бројот на протераните досега е недоволен, посочи Берт.

europe-migrants

ЕК не располага со јасна проценка на економското влијание од враќањето на некои од границите во Шенген. Постоеле студии според кои возобновувањето на граничните проверки ќе ја спречува трговијата.

Берт посочи дека ЕК со вчерашните одлуки не замрзнато членството на Грција во Шенген, како и дека засега раскинување на Шенгенскиот договор не е предвидено во важечкото законодавство.

Шведска пак има намера да протера до 80 000 лица, кои неуспешно побарале засолниште во 2015 година, изјави министерот за внатрешни работи Андерс Југеман, цитиран од агенцијата “Франс прес” и медиуми.

“Зборуваме за 60 000 луѓе, но нивниот број може да достигне 80 000”, рече министерот во етерот на државната телевизија СВТ. Тој додаде дека владата побарала од полицијата и миграциската служба да организираат нивно враќање.

За таа цел обично се користат обични патнички летови, но поради големиот број мигранти Шведска ќе ангажира и авиони за чартер летови, а постапката ќе трае неколку години, додаде Југеман.

Властите се плашат дека многу од нив ќе се обидат да се скријат. “Ова е голем предизвик за нас. Ќе треба да користиме повеќе ресурси и агенциите треба да соработуваат подобро”, коментира Југеман.

2D96695000000578-3280882-Migrants_and_refugees_wait_to_cross_the_Croatia_Slovenia_border_-a-1_1445359175816

Во 2015 година во Шведска поднеле барање за заштита 163 000 лица, а населението и е 9,5 милиони., што ја прави земјата со најмногу азиланти по глава на жител. Од прегледани 58 800 молби беа одобрени 55%, врз основа на што Министерството за внатрешни работи прави груби пресметки дека бројот на протераните може да достигне 80 000.

Миграциската криза е предмет на сериозни дебати во земјата, по убиството на 22-годишна доброволка во центар за малолетници во азил. За нападот беше уапсено 15-годишно момче, кое живее таму.

Се повеќе малолетни пристигнуваат сами во Шведска, покажуваат податоците на Агенцијата за миграција. Во 2015 година тие биле 35 369, а во 2014 година – 7049. Децата веќе се 20% од сите баратели на азил. 66% од нив се Авганистанци.

Неодамна земјата воведе гранична контрола на границата со Данска, а поддршката за владејачките социјалдемократи стигна до најниското ниво за последните 50 години. Во ноември Стокхолм соопшти дека веќе не може да обезбедува места за живеење на новодојдените имигранти и тие треба сами да најдат каде да престојуваат.

Слични содржини