Дефанзивецот на Манчестер Сити, Жоао Кансело бил нападнат во својот дом во Англија, каде бил ограбен и претепан од четири непознати лица. Португалецот набрзо се огласи и рече дека најважно е што неговото семејство е добро, како и дека тоа го направиле кукавици.
Еден од најдобро оценетите фудбалери во Премиер лигата, кој и покрај тоа што игра во бековската линија, постојано се истакнува со бројни асистенции, доживеа голема непријатност, која е се почеста во Англија.
Маскирани напаѓачи упаднале во неговата куќа и му го одзеле целиот накит и вредни предмети, а бидејќи налетал на нив, Кансело морал физички да се пресмета со криминалците. Бидејќи биле повеќе на број, португалскиот репрезентативец и дефанзивецот на Манчестер Сити го извлекол подебелиот крај.
Кансело објави фотографија од неговото лице, на која се гледаат бројни повреди, почнувајќи од расекотина во пределот на слепоочницата, па сè до модринка на окото. Како што најави, одземени се бројни вредни предмети, меѓу кои и целиот накит.
„За жал, бев нападнат од четворица кукавици кои физички ме повредија и се обидоа да го повредат моето семејство. Еве што се случува кога ќе се соочите со нив. Успеаја да ми го земат целиот накит и да ме остават во ваква состојба. Не знам како воопшто постојат такви луѓе. Најважно ми е во овој час сите, јас и моето семејство да сме добро. После толку многу препреки во животот, ова е уште една што ќе ја надминам, силен како и секогаш“, напиша Жоао Кансело на својот Инстаграм профил, прикажувајќи го како доказ селфито на кое се гледа неговото повредено лице.
For those wondering pic.twitter.com/r5GOsXH7kA
— 🏆 (@RedBulI33) December 30, 2021
Да потсетиме, Манчестер Сити во средата навечер со минимален резултат го победи Брентфорд и тимот се врати во Манчестер, додека следниот меч е против Арсенал во Лондон.
Сепак, по се што се случи, големо прашање е дали Пеп Гвардиола ќе може да смета на еден од своите најконстантни фудбалери за дербито со „топчиите“.