260
Полицијата извести дека во Скопската полиција бил пријавен напад на 71-годишна жена.
Од Градската општа болница „8 Септември“ 10 минути по полноќ било пријавено дека кај нив за укажување лекарска помош дошла 71–годишна жена од Скопје.
-Според пријавеното, таа се здобила со повреди на 27.03.2024 околу 20.30 часот при физички напад од лицата Ф.Г. и М.Н., информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.