Претепувањето на Пендиков е поради тоа што е секретар на бугарски клуб или е дилерско-криминална пресметка?

од Nikola Popovski

После претепувањето на охриѓанецот Христијан Пендиков, кој е секретар на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ се поставува прашањето дали станува збор за инцидент со политичка заднина или сепак е дилерско-криминална пресметка.

Некои медиуми пренесоа делови од полицискиот билтен од декември 2022 година, според кои вчера претепаниот Пендиков бил фатен со кокаин.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.П.(22) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’. При преглед извршен во атарот на охридското село Лескоец, полициските службеници кај него пронашле и одзеле кокаин, соопштиле од охридската полиција на 17-ти декември минатата година.

Претходно бугарското МНР најави дека ќе испрати протестна нота до македонската амбасадорка Агнеса Руси Поповска по повод овој немил настан. Од таму го осудија ваквото однесување, при што беше истакнато дека бил остварен телефонски разговор меѓу двајцата министри Николај Милков и Бујар Османи.

Со реакција се огласи и бугарскиот претседател Румен Радев.

-Бугарскиот претседател Румен Радев најостро ги осудува систематските прекршувања на правата на Бугарите во Република Северна Македонија и влевањето омраза кон нив, што резултираше со нападот врз Бугаринот Христијан Пендиков во Охрид, соопштија од неговата прес служба.

Дваесет и тригодишниот Христијан од синоќа е хоспитализиран во болницата во Охрид со напукнат пршлен и повеќе повреди по телото откако бил претепан во угостителски објект од страна на три лица.

-На 19.01.2023 околу 22.30 часот во Охрид е пријавен физички напад врз Х.П. (21) од Охрид од страна на С.К., С.К. и И.С. Според пријавеното од Х.П., во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, а потоа и надвор од објектот, физички бил нападнат од С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид и притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид Известен е јавен обвинител и СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава, соопштија од охридската полиција.

Слични содржини