Претходните дозволи за движење ќе важат и за новиот полициски час

од Nikola Popovski
318 прегледи

Владиниот портпарол Душко Арсовски денеска на прес – конференција изјави дека дозволите за движење во време на полициски час што минатата година ги издаде Министерството за информатичко општество и администрација ќе важат и за време на ограниченото движење на граѓаните од утре до 22 март.

„Доколку некој е вработен во меѓувреме, компанијата ќе треба да среди за обрасците и да се овозможи оние кои работат трета смена непречено да се движат. Исти се на некој начин правилата во овој случај како и минатата година. Ако некој граѓанин има потреба да посети лекар во перидот додека трае забраната за јавува на 192 и информира за линијата на движење“, вели Арсовски.

За оние кои ќе се вратат од Африка ќе одат во карантин од 14 дена, но Арсовски не даде прецизен одговор каде ќе биде државниот карантин. Рече дека предлог има за локација, но идните денови ќе се знаат детали.

Слични содржини