Ако некој разговара со ЕУ, тогаш тоа е С. Македонија бидејќи водиме скрининг процес. Сите процеси кај нас се комуницирани со ЕУ. Кај нас во државата се забележува на спорост бидејќи многу работи во многу области одат споро, а кога нешто ќе оди брзо, мислам дека не треба толку да се забележува. Американската амбасада рече дека ќе го разгледаат донесеното и што е нормално. Истото го кажа и ЕУ, вели премиерот Димитар Ковачевски за измените на Кривичниот законик и за забелешките од Вашингтон и Брисел.
Повтори дека измените се направени согласно законодавства кои што важат во ЕУ.
Ако го погледнете германското законодавсто, членот кој што кај нас се коментираше, е баш таков и во Германија. Ако ги погледнете висините на казните и ги споредите со Словенија, ќе видите дека се на исто ниво. Тоа што претходно имвме закон во кој што казните беа од некое комунистичко време и беа направени од еден „Дарт вејдер“ на македонското судство, не значи дека тие работи не треба да се променат, кажа претседателот на Владата како одговор на новинарско прашање.
Ковачевски е дециден дека со измените е воведена проширена конфискација, како и скратување на судски случаи кои се воделе и до 10 години.
Ова претставуваат промени кои ќе влијаат на ефикасноста и ефективноста на целиот систем, со оглед дека се работи за рокови и казни кои што постојат во земји членки на ЕУ. Се покажа дека законот не бил правен наменски за некого, порача премиерот.