298
Полициски службеници синоќа во 21.00 часот на ул.„Прилепска“ во Битола, го лишиле од слобода И.Л.(38) од Битола.
Од МВР денеска соопштија дека при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана, а подоцна при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со траги од марихуана и пари.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.