Претрес во Битола, пронајдени близу 1500 петарди

од Nikola Popovski
170 прегледи

Денеска (20.12.2022) од страна на полициски службеници од СВР Битола по обезбедена наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во домот на Ф.Ф. од Битола.

При извршениот претрес пронајдени се 1488 парчиња различни видови пиротехнички средства.

Предметите од страна на полициските службеници се одземени, а со Ф.Ф. е извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини