Претрес во Дебар, пронајдена дрога

од Vladimir Zorba

Во Дебар во 08.30 часот вчера полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода А.П.(47) од Дебар, информираа од МВР.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини