Претрес во Демир Хисар, жител фатен со пушки и муниција

од Nikola Popovski
193 прегледи

На 12.10.2023 во Демир Хисар, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола го лишиле од слобода Г.Ц.(61) од Демир Хисар.

При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Бајкал“ калибар 12мм, воздушна пушка калибар 4,5мм и 17 куршуми калибар 12мм.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини