Претрес во Казандол: Пронајдени дрога, оружје и муниција

Како што соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи, вчера во шест часот во селото, полициски службеници го лишиле од слобода Е.А., на возраст од 39 години.

од Vladimir Zorba
39 прегледи

Дрога, оружје и муниција биле пронајдени при претрес во валандовското село Казандол, по што едно лице било лишено од слобода.

Како што соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи, вчера во шест часот во селото, полициски службеници го лишиле од слобода Е.А., на возраст од 39 години.

– При претрес во неговиот дом и помошни простории во селото, извршен со наредба на Основен суд – Гевгелија, пронајдени и одземени биле 11 стебла од растението канабис сатива, еден репетирачки карабин, куршуми со калибар од 7,9 милиметри, една рачна бомба – постар модел, една торба и неколку ќесиња исполнети со марихуана, како и други предмети со остатоци од марихуана, појаснија од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот, истакнаа од МВР, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини