Претрес во липковско: Пронајдени пиштол и бомба – приведено едно лице

од Stefanija Kuzmanovska

Денеска (27.01) полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.К. (21) од село Лојане, липковско.

При претрес во домот на неговиот брат М.К. во Лојане, извршен по судска наредба, Ф.К.бил затекнат таму и биле пронајдени рачна бомба и пиштол, соопшти МВР.

Ф.К.бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Слични содржини