174
На 07.03.2023 околу 11.50 часот на улица „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Л.Т.(23) од тетовски Требош. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „приредување игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“, казниво по член 156 од Законот за игри на среќа и забавни игри.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени лаптоп компјутер, кој се користел за менаџирање на клиентите и надополнување кредити, како и извесна сума парични средства.
Од полицијата велат дека се расчистува и документира случајот и на Л.Т. ќе му биде изготвен поднесок.