Руската полиција уапси најмалку четири лица за време на претресите на просториите  на блогот на Алексеј Навални, Навални Лајф ,  соопшти ТАСС повикувајќи се на адвокатот Владимир Воронин.

 

“Јас стојам пред студиото Навални Лајф. Тие не ме пуштаат мене и мојот колега внатре. Четири лица сега се приведени, шестмина се внатре. Претресот се води како дел од кривично дело за немирите”, рече адвокатот.

  Тие се незадоволни од одбивањето на властите да регистрираат опозициски  кандидати за учество на локалните избори

Од своја страна, шефот на организацијата за човекови права „Агора“, Павел Чиков, им рече на новинарите дека девет лица се веќе приведени. По завршувањето на истрагата, приведените ќе бидат однесени на сослушување до Истражниот комитет, истакна Павел Чиков.

Самиот Навални е затворен со друга казна откако беше уапсен од властите за организирање протест на опозицијата што не е овластен од нив.

Имаше сомневања дека Алексеј Навални може дури и да биде отруен бидејќи добил чудни осип и за кратко време бил примен во болница.

Повеќе од 10,000 протестираат вчжчера во Москва поради забраната за опозицијата да учествува на локалните избориДемонстрантите држеа постери со зборовите „Јас имам право да бирам“  и  тоа се „лагите  на Путин“. Немаше приведувања бидејќи ова бече дозволено, за разлика дод претходниот пат кога полицијат анасилно тепаше и преведе преку илјада демонстранти.

КЛучно е што и  покрај  апсењата на Навални и истомислениците , во Москва се одржаа два протестени митинга  .Претходно беа упасени фронтмените на протестите  Дмитриј Гудков, Илја Јашин, Иван Хданов, Владимир Милов, Јулија Галијамина, Александар Соловиов исто така добија казни меѓу 10 и 30 дена.