Косовската полиција врши претрес на повеќе локации во северниот дел на Митровица во врска со настаните од 24 септември во Бањска, потврдил за Радио Митровица заменик директорот на полицијата за северниот регион, Ветон Ељшани.
Како што јави известувачот на тоа радио од терен, покрај полицијата, на терен се и припадници на мисијата на ЕУЛЕКС, за време на акцијата во близина на Три солитера, пренесува „Танјуг“.
Претресот се врши и во една од зградите на Обединетите нации, исто така во северниот дел на Митровица, како и во населбата Брѓани.
Ељшани соопшти дека нема уапсени.