Се вршат претреси на повеќе локации во Скопје, информираат од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).
Соопштуваат дека под раководство на предметен обвинител, претресите ги вршат единици на Министерството за внатрешни работи (МВР), а станува збор за сомнежи за лихварство и перење пари.
„Станува збор за осомничени лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело лихварство и перење пари“, велат од ОЈО ГОКК.
Повеќе детали за акцијата ќе бидат споделени со јавноста по нејзиното завршување.