39
Полициска акција во МВР. Се прават претреси поради сомнежи за злоупотреба на тендерски постапки. Претреси се вршат во канцеларии на повеќе началници и вработени во повеќе организациски единици на МВР.
Според неофицијални информации, почната е истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на тендерски постапки за сервисирање на службените возила на полицијата и МВР.
Акцијата, која ја води Бирото за јавна безбедност, во исто време се спроведува и во неколку економски оператори, меѓу кои о добро познати автосервиси кои до сега години наназад ги сервисирале возилата на полицијата и во кои исто така утрово се вршат претреси.
Повеќе детали од полицијата се очекуваат во текот на денот.