Претседателката на Словачка има корона? Ги откажала сите состаноци и заминува во изолација

од Aleksandar Petrovski
240 прегледи

Претседателката на Словачка, Зузана Чапутова ќе биде во изолација до петок, откако член на нејзиниот кабинет се состанал со личност која е позитивна на коронавирусот.

Претседателството објави денеска дека Чапутова ја откажала средбата со нејзиниот австриски колега Александар Ван дер Белен.

Откажани беа и другите состаноци закажани за крајот на неделава.

Словачка е една од европските земји што најмалку се погодени од епидемијата на коронавирус.

Словачките власти регистрирале вкупно 1.607 заразени, а 28 починале од ковид-19.