Претседателката на Уставниот суд, Кацарска на средба со експертскиот тим за спроведување на ИПА 3 проектот развивање на капацитетите на Судот

од Radmila Tasevska

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска денеска имаше работна средба со тим составен од шестмина експерти за спроведување на ИПА 3 проектот кој се однесува на развивање на капацитетите на Уставниот суд за пристап до уставноста и законитоста и донесување на нормативни акти и заштита на основните права.

На средбата, како што соопштија од Уставниот суд, Кацарска информираше за досега преземените активности, донесената Програма на Судот, стратегијата за развивање на капацитети, капиталните проекти и инвестиции кои се реализирани.

Претставниците од експертската група беа информирани за досега спроведените, тековните и идните активности кои се во насока на зајакнување на транспарентноста, отвореноста и достапноста на Судот за јавноста.

Експертот за човекови права и тим лидер на групата, Довидас Виткаускас ги најави планираните активности кои во координација со претставници на Уставниот суд ќе се реализираат во идниот период.  Групата ја сочинуваат: Стефица Стазник, експерт во областа на меѓународните човекови права во домашните правни системи, Јордан Апостолски, експерт во имплементација на судски реформи, Славица Баниќ, експерт за Уставно право, Васко Маглешов, новинар и претседател на СМС, Велимир Деловски, магистер по европско право, меѓународни и хуманитарни права, Александар Јосифовски, експерт за развој на ИТ со долгогодишно искуство во судскиот систем.

Активностите на проектот ќе се реализираат преку две компоненти: Зајакнување на професионалните и административните капацитети, административната автономија, независноста и ефикасноста на Уставниот суд и Подобрување на индивидуалната заштита на слободите и правата на лица и граѓани пред Уставниот суд.

Слични содржини