284
Уставниот суд во текот на оваа година решил 173 предмети и покрај тоа што се работело на предметите од оваа година, биле решени и заостанати предмети. Ова го изјави на прес-конференција претседателката на Уставен суд , Добрила Кацарска.
Претседателката на Уставниот суд, рече дека врз неа, како прв човек на Судот немало политички притисок, ниту имало некакво влијание врз неа.
„Можам да гарантирам за себе, дека никогаш, никој, ниту влијаел, ниту некогаш ќе може да влијае над мене. Убедена сум дека нема политички притисок и кај останатите судии на Уставниот суд, но сепак, секој одговара за својата работа“, рече Кацарска.