По промената на власта во Македонија, по настаните на 27 април 2017 година, Александар Даштевски, педлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нов претседател на Државната изборна комисија, беше Претседател на Комисијата за дискриминација. Тоа е комисијата која му обезбеди алиби на екс премиерот Никола Груевски дека е дискриминиран во судските процеси кои се водат против него, пишува „Во Центар“.
Слична одлука Комисијата за дискриминација, кога Претседател на Комисијата е Даштевски, има донесено и за екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, а во врска со нејзиното судење во случајот Тенк.
Поради одлуката поврзана со Гордана Јанкуловска, тогаш Кривичниот суд до Собранието достави иницијатива за разрешување на Александар Даштевски, претседател на Комисијата за заштита од дискриминација, за нестручно и несовесно работење.