Претседателот на Судскиот совет: Оставката на судијата Георгиев е негов личен чин

од Nikola Popovski

Претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев денеска порача дека оставката на судијата Наке Георгиев е негов личен чин.

По писмената изјава само е нотирано дек се откажува од членството во Судскиот совет. Само тоа е наведено. Следува формирање на комисија за спроведување на таков избор и од Врховниот суд ќе треба да се разгледаат колеги судии кои што би имале намера да бидат членови на Судскиот совет, кажа Георгиев.

Георгиев истакна дека судијата од Врховниот суд сам треба да си се изјасни за причините за неговата оставка.

Неговиот син е завршен академец. Советот е ставен во една состојба каде што мора да се изврши избор за некои од условите, кажа претседателот на Судскиот совет.

Слични содржини