Претседателот на Светската медицинска асоцијација: Медицинскиот персонал да не ја прима вакцина на Астразенека

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих Монтгомери, смета дека медицинскиот персонал не треба да се вакцинира со вакцината на Астразенека.

Монтгомери за германскиот дневен весник „Рајнише пост“ изјави дека вакцината е безбедна како и другите вакцини, но помалата ефикасност не може да се игнорира.

„Сметам дека луѓето со поголем ризик од инфекција, меѓу кои спаѓаат медицинскиот персонал и старателите, треба да бидат вакцинирани со поефикасна вакцина“, нагласи тој.

Монтгомери рече дека го разбираат медицинскиот персонал кој одбива вакцинација со Астразенека, пренесе „Танјуг“.

Кога станува збор за помлади луѓе, кои имаат помал ризик од посериозни болести по инфекцијата, тој верува дека тие можат да имаат корист од вакцината на Астразенека.

Монтгомери бара можност за избор со која вакцина сакаат да се вакцинираат граѓаните.

„Мора да има избор на вакцина, за да останеме високо подготвени за имунизација“, рече претседателот на
Светската медицинска асоцијација.

Слични содржини