Претседателот Пендаровски и неговата сопруга дел од Парадата на гордоста

од Берта Китинска

Во тек е втората Парада на гордоста која се одржува под мотото „Вон ѕидовите“, во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

Претседателот Стево Пендаровски, министeрката за одбрана Радмила Шекеринска, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и лидерката на ДОМ Маја Морачанин денеска се меѓу оние кои дадоа поддршка со лично присуство на Парадата на гордоста.

Скопје Прајд е настан од и за ЛГБТИ заедницата за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе.

Парадата започна од паркот кај „Жена борец“, а ќе заврши кај Школка во Градскиот парк.

Фото:Принтскрин

Слични содржини