Претседавачот на Воениот комитет на НАТО од денеска во официјална посета на Македонија

од Stefanija Kuzmanovska

Од денес во официјална посета на Република Северна Македонија и Армијата на Република Северна Македонија, ќе престојува претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер.

Официјалната посета, адмиралот Бауер ќе ја отпочне на ден 04.09.2023 година, во Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана каде ќе оствари средби со својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник, Васко Ѓурчиновски и министерката за одбрана, Славјанка Петровска, по што ќе следува и прес-конференција.

За време на посетата на Генералштабот и министерството за одбрана, претседавачот на највисокото воено советодавно тело на НАТО, ќе се запознае со плановите и развојот на способностите на Армијата на Република Северна Македонија, процесот на трансформација и опремување, како и учество на Армијата во операциите и вежбовните активности.

Во текот на денот адмирал Бауер ќе оствари средба и со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Воедно Бауер ќе ја посети касарната „Илинден“, каде ќе присуствува на дел од предвидените активности на баталјонот на специјални сили, а следниот ден ќе ја посети и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, каде ќе одржи предавање пред припадниците на Генералштабот и Воената академија.

Слични содржини