Презентација на анализа и дискусија за ефектите од Берлинскиот процес

од Марта Пешевска
69 прегледи

Во организација на Mрежата на граѓански организации од Југоисточна Европа која ги набљудува темите што се дел од Берлинскиот процес – SEE Think Net Network и Институт за демократија „Социетас цивлис“ , денеска во Скопје ќе се одржи презентација и дискусија за новата анализа за Берлинскиот процес „2018 Western Balkans Summit: 3 key takeaways from London”.

Анализата подготвена од Зоран Нечев и Иван Николовски од ИДЦСЦ, Јелица Миниќ од Европски покрет, Мариола Ќесараку од EU Policy Hub и Аднан Ќеримагиќ како индивидуален истражувач ќе биде презентирана во ЕУ Инфо центарот во Скопје.

На презентацијата ќе стане збор за главните придобивки од последниот самит во Лондон, како и за придобивките, но и за пречките, недостатоците и идните предизвици генерално од целиот Берлински процес.