Наоди од анкетaта за перцепциите на граѓаните за работата на Собранието за периодот јуни 2018 – април годинава и за Извештајот за квалитет на дебата, ќе презентира денеска Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС).
Истражувањето на јавното мислење за работата на Собранието во текот на изминатата година Институтот го спроведе во рамки на проектот „Собранието под лупа“ финансиран од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка.