При излетувањето на авион од писта на аеродром во Истанбул загинаа три лица, 179 се повредени

од Aleksandar Petrovski
274 прегледи

При излетувањето на патнички авион за време на слетувањето на меѓународниот аеродром „Сабиха Ѓокчен” во Истанбул загинаа три лица, додека 179 се повредени, потврди турскиот министер за здравство Фахретин Коџа, јави Анадолија.

– Хоспитализирани се 179 лица. За жал, тројца наши државјани го загубија животот, изјави министерот Коџа.

-Авионот на Пегасус Ерлајнс леташе од областа Измир на аеродромот во Истанбул, кога се урна во текот на слетувањето, изјави турскиот министер за транспорт и инфраструктура Мехмет Џахит Трухан.

Набругу по излетувањето на авионот од писта, на местото на настанот стасаа противпожарни и медицински тимови. Пожарникарите успешно го изгаснаа пожарот кој изби во авионот.

Министерот Турхан рече дека некои од патниците успеале самостојно да го напуштат леталото, додека на останатите им помогнале спасувачки тимови.

Истакна дека и поради несреќата сите авиони кои требаа да слетаат на аеродромот „Сабиха Ѓокчен” се пренасочени на новоизградениот аеродром Истанбул.

Обвиинителството во главниот град Анкара отвори истрага за инцидентот, а аеродромот Сабина Ѓокчен привремено е затворен за воздушен сообраќај.

Слични содржини