При претрес во Струмица пронајден хероин, а дилерот е приведен

од Vladimir Zorba

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица вчера го лишиле од слобода П.П. (39) од Струмица. При претрес во неговиот дом извршен со судска наредба полицијата пронашла повеќе пакувања со хероин.

П.П. бил задржан во Полициска станица Струмица, а за настанот бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По документирање на случајот против П.П. ќе биде поднесена соодветна пријава и во текот на денот ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица, информираат од полицијата.

Слични содржини