Прифатен е усогласен текст на Договорот за взаемно признавање на професионалните квалификации за медицински сестри, ветеринарни хирурзи, фармацевти и акушерки помеѓу државите од Западен Балкан

од Vladimir Zorba
293 прегледи

Владата на денешната седница го разгледа и прифати Извештајот за завршени преговори и склучување на Договорот за взаемно признавање на професионалните квалификации за медицински сестри, ветеринарни хирурзи, фармацевти и акушерки во контекст на Централноевропскиот договор за слободна трговија, го разгледа и прифати усогласениот текст на Договорот.

По успешно завршените преговори за склучување на Договорот за взаемно признавање на професионалните квалификации за доктори, стоматолози и архитекти од минатогодишниот Самит на Берлинскиот процес, работните групи го продолжија заокружувањето на Директивата на ЕУ 2005/36/ЕЗ за останатите четири регулирани професии.

Договорот за взаемно признавање на професионалните квалификации за медицински сестри, ветеринарни хирурзи, фармацевти и акушерки во контекст на Договорот за слободна трговска соработка на Централна Европа се заснова на принципот на автоматско признавање согласно Директивата на ЕУ 2005/36/ЕЗ за признавање на професионални квалификации и е во насока на постигнување успешна и целосна имплементација на одредбите за внатрешен пазар на ЕУ, во рамките на сите шест земји од Западен Балкан. Дел од иницијативата за формирање на Регионален Економски Пазар 2021-2024, согласно заклучоците од Самитот на лидерите на Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес во Софија (2020 година).

Слични содржини