Апелацискиот суд ја уважи жалбата на првообвинетиот во случајот „Софтвери”, Драги Рашковски и му ја укина мерката куќен притвор.
Во одлуката на скопска апелација се вели и дека се прифаќа понудената гаранција од страна на обвинетиот Рашковски, во вкупен износ од 192.980,00 евра, што се состои од ставање хипотека на недвижен имот.
Во одлуката на Апелацискиот суд се наведува дека обвинетиот по укинување на мерката притвор има обврска да се јавува секој работен прв понеделник во месецот во 10 часот, на овластено службено лице при Основен кривичен суд Скопје – Одделението за организиран криминал и корупција.
-Привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница на име на обвинетиот Д. Р. од С., односно забрана за нејзино издавање, стои одлуката на Апелациониот суд Скопје.