221
Основачот и раководител на приватната воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин денеска соопшти дека компанијата никогаш не била присутна на северот на Косово и немала никакви контакти со Србија.
Пригожин ова го објави на официјалниот Телеграм канал на компанијата, одговарајќи на прашањето на „Гласот на Америка“ на српски јазик, за активностите на „Вагнер“ групацијата во Србија.
Пригожин, исто така, тврди дека во „Вагнер“ во моментов нема српски државјани и дека немало одамна и додава дека гласините што се „напумпуваат“ за интеракцијата меѓу групата „Вагнер“ и Србија немаат основа.