Пријанка Чопра со нова фризура

од Vladimir Zorba
206 прегледи

Додека во социјалните мрежи во ек е предизвикот # 10yearchallenge и ѕвездите ги објавуваат своите фотографии од пред 10 години во колажи со сегашните, Priyanka одлучи да се издвои со нова фризура.

Наместо да копа низ архивите, актерката дебитираше со својот нов стил  јавно и ги восхити фановите со храбрата промена.

Бринетата се одлучила за руса коса на врвовите и многу пократки должини од оние што сме навикнати да ги гледаме кај неа.

Кадарот беше објавен на нејзиниот личен профил во Instagram, каде што за кратко време собрала над 2 милиони лајкови.

Дали ви се допаѓа новата фризура на Пријанка?

https://www.instagram.com/p/BsyMRADnaQd/?utm_source=ig_embed