Пријавата за бомба во МНТ е лажна

од Nikola Popovski
410 прегледи

МВР вечерва информира дека ги направило потребните проверки и утврдено е дека пријавата за бомба во Македонскиот народен театар е лажна.

-Се преземаат мерки за утврдување на пријавата и преземање на соодветни мерки и санкции против личноста која лажно пријавила. Им благодариме на граѓаните за трпението, и на медиумите за професионалниот однос кон ситуацијата, информираа од полицијата.

Претходно беше објавено дека неколку објекти меѓу кои и зградата во која се сместени МИА, СЕП, ДКСК, Финансиската полиција, Инспекторатот за животна средина, Филхармонија, Македонскиот народен театар биле евакуирани. МВР соопшти дека едно лице се јавило во 16:45 во билетарата на МНТ.

Слични содржини