269
33-годишен прилепчанец и негов 52-годишен сограѓанин се уапсени откако помладиот силувал речиси двојно постара жена пред очите на вториот уапсен, во неговиот дом, соопшти полицијата.
„На 28.12.2022 во 17.50 часот во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп ги лишиле од слобода Е.А.(33) и С.А.(52), двајцата од Прилеп. Е.А. се сомничи дека во текот на денот извршил обљуба врз 63-годишна жена од Прилеп, додека С.А. дозволил пред него во неговиот дом да биде извршена обљубата врз жената која ја познава од претходно“, наведуваат од МВР.
Двајцата осомничени биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.