Прилепчанец застанал пред полициско возило во обид да спречи апсење на својот брат

Двајца браќа од Прилеп уапсени по кражба од живинарска фарма

од Nikola Popovski
25 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

На 10.02.2026 во 15:00 часот во с.Сенокос, општина Долнени, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишија од слобода Х.К.(34) од Прилеп. При преглед во неговото патничко возило биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека ги украл од живинарска фарма во с.Долнени, а кои претходно биле пријавени за украдени.

Подоцна, од слобода бил лишен и неговиот брат Б.К.(32) затоа што на ул.„Орде Чопела“ во Прилеп застанал пред полициското возило, се обидел да го спречи транспортот до ОВР Прилеп и агресивно се однесувал кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија.

По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе следува соодветна пријава.