Прилепчанец пријавил полов напад врз неговото дете

од Vladimir Zorba
214 прегледи

Жител од прилепско село вчера пријавил дека постои основано сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз малолетник“, извршено врз неговото дете, информира Министерството за внатрешни работи.

Според информациите на МВР, таткото пријавил во полиција по кажување на детето дека на точно неутврден датум, И.Н. помогнат од уште едно лице, од село Црниште извршиле полов напад врз малолетникот.

МВР презема мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини