Примамливата куќа на сестрите Ел и Дакота Фанинг

од desk2
79 прегледи

Дакота и Ел Фанинг одлучиле да се разделат со својот дом во Холивуд Хилс, каде што всушност пораснаа.
Двете актерки сакаат 2,85 милиони долари за својот дом, од кој се открива неверојатен поглед кон Лос Анџелес.


Куќата на сестрите кои станаа ѕвезди уште како деца, може да се пофали со нежен, шармантен и малку ретро декор.

Имотот се наоѓа во комплекс од затворен тип во Сан Фернандо Вали, Калифорнија. Куќата располага со пет спални, четири бањи и двор со базен тип лагуна.

Сестрите се родени во Џорџија, но кога 7-годишната Дакота добива улогата во хит со Шон Пен “Јас сум Сем” во 2001 година, семејството на најталентираните девојки се пресели да живее во Калифорнија.
Минатата година родителите на сестрите се разделија по 27-годишен брак и можеби тоа е причината да прогласат за продажба убава куќа.
Видете ги сликиte на куќата во галеријата: